Продолжуваат антивладините протести во Израел


Продолжуваат антивладините протести во Израел - МИА

Ерусалим, 22 јули 2020 () – Израелскиот Парламент утрово беше блокиран од демонстранти кои од синоќа протестираа против ингеренциите на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го заобилоли Кнесетот при носењето на мерки во борбата против Ковид-19.



Израелската полиција набрзо го растури протестот и приведе четворица демонстранти.

Протестите во Израел се одржуваат еднаш неделно и привлекуваат се повеќе млади лица. Минатата недела на протестите учествуваа илјадници луѓе. Израелската полиција минатиот месец уапси пензиониран генерал на израелското воено воздухопловство, што предизвика негативни реакции.

Демонстрантите бараат и полекување на Нетанјаху од премиерската функција бидејќи против него покренат е судски процес поради корупција.