– Израелските сили убиле уште еден Палестинец и раниле друг во северниот дел на Западниот Брег, пренесоа а,ериканските медиуми.
Израелската армија соопшти дека одговорила со оган откако двајца Палестинци се обиделе со автомобил да се втурнат во војници во Себастија, во близина на градот Наблус.
Палестинското Министерство за здравство го идентификуваше убиениот млад човек како Фавзи Хани (18), пренесоа американските медиуми.
Палестинските медиуми објавија и изјави на членови на семејствата на погодените Палестинци, кои рекоа дека двајцата не пукале во војниците, туку дека биле нападнати од заседа додека биле во нивниот автомобил и дека нивниот автомобил бил изрешетан од куршуми.
Престрелката се случила неколку часа откако израелските сили убија 17-годишен Палестинец на Западниот Брег.
Од почетокот на годината на Западниот брег и во Источен Ерусалим се убиени над 150 Палестинци од страна на израелските сили, покажуваат податоците на американските медиуми.