Приврзаниците на Гуаидо ја напуштија амбасадата на Венецуела во Бразилија


Приврзаниците на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо  ја напуштија амбасадата на Венецуела во Бразилија, откако претходно упаднаа во неа и 11 часа ја окупираа.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатот што го испратиле да посредува во мирното завршување на спорот успеал да ја убеди групата до 10 лица да ја напуштат амбасадата, а дипломатските претствници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро подоцна повторно добија пристап до зградата, пренесуваат британските медиуми.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорехе Ареас на Твитер напиша дека мирно завршила насилната окупација на абасадата и им заблагодари на бразилските власти на интервенцијата.

За време на инцидентот пред амбасадата  се собраа групи Бразилци, едните кои го поддржуваат Мадуро, а вторите Гуаидо, па тие дури и се судрија, но полицијата набрзо ги раздвои.


Вести

Цел ден собраниска дебата за аерозагадувањето, седницата прекината без гласање

– Пратениците вечерва не гласаа за Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од ВМРО – ДПМНЕ. Седницата е прекината и, како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, дополнително ќе биде […]

Вести

Директорот на СЗО допатува во Кина поради коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг, каде ќе разговара со кинеските официјални претставници за борбата против ширењето на смртоносниот коронавирус, од кој во Кина починаа 81 лице, а […]

Вести

Прв смртен случај од новиот вирус регистриран во Пекинг

Властите во Пекинг денеска потврдија за прв смртен случај во кинескиот главен град од новиот смртоносен вирус што брзо се шири низ целата земја, каде досега живот загубија повеќе од 80 луѓе и предизвика глобален […]