Приходите на Дизни драстично опаднаа поради пандемијата



Лос Анџелес, 5 август 2020 () – Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека нејзините нето приходи драстично опаднале од март до јуни, кога повеќето тематски паркови беа затворени, а филмските премиери беа одложени.

За кварталот кој заврши на 27 јуни, компанијата пријави загуба од 4,84 милијарди долари или 2,61 американски долари по акција, во однос на добивката од 79 центи во претходниот квартал.

Приходите паднаа за 42 проценти на 11,78 милијарди американски долари, додека аналитичарите предвидоа дека тоа ќе бидат 12,39 милијарди американски долари, пренесува ФактСет.

„Дизни“ отвори некои свои паркови низ целиот свет, но повеќето и натаму се затворени за време на фискалниот трет квартал на компанијата.

Компанијата соопшти дека затворањето на парковите чинело 3,5 милијарди долари за квартал.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*