При руски напад најмалку петмина загинати во Лавов

руски напад
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку пет лица загинаа во синоќешниот руски ракетен напад врз станбена зона во западниот украински град Лавов, соопшти денеска украинското Министерство за внатрешни работи.

Во нападот повредени се најмалку 40 лица се повредени, а над 60 луѓе се евакуирани од уништените згради.


Во Лавов засолниште најдоа и многу бегалци од источна Украина. До јуни ситуацијата во овој град во западна Украина остана релативно мирна.

Најмалку две лица загинаа, а 10 други се повредени во денешното руско гранатирање во јужниот регион Керсон.

Најмалку 84 руски артилериски напади се регистрирани во областа Керсон, напиша денеска на Телеграм воениот гувернер на регионот Олександр Прокудин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK