Претставникот на Тајван во Хонг Конг се врати дома поради зголемените тензии со Кина


Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата - МИА

Хонг Конг, 17 јули 2020 () – Претставникот на Тајван во Хонг Конг, Као Минг-цун, се врати во својата матична земја, потврди денеска Одделот за Хонг Конг на тајванскикот Совет за копнени работи, наведувајќи ги како причина „непотребните политички пречки“, јави ДПА.


 

Тајванските медиуми објавија дека Као си заминал вчера, откако властите побарале да потпише изјава за поддршка на тврдењата на Кина за Тајван.

Германската агенција наведува дека од Као, вршител на должноста директор на Канцеларијата за економски и културни прашања на Тајпеј (ТЕКО), од страна на владата на Хонг Конг било побарано да потпише документ за поддршка на концептот „една Кина“.

Откако, наводно,  одбил да ја потпише изјавата за да ја обезбеди својата работна виза, Као се вратил во својата земја.

Хонг Конг од 2018 година го одложуваше одобрувањето на работната виза за именуваниот претставник на Тајпеј во градот, што е незазбележено сценарио во деветгодишната историја на канцеларијата.

TEКO во Хонг Конг е основана во 2011 година за време на затоплувањето на односите меѓу Пекинг и Тајпеј, градотр што отвора слични де факто амбасади во земјите кои официјално не го признаваат Тајван заради притисокот од Пекинг.