Претставници на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат во Брисел

Претставници-на-Ерменија-и-Азербејџан-ќе-се-сретнат-во-Брисел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, Армен Григорјан, и помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев ќе се сретнат на 26 септември во Брисел за да ги подготват разговорите меѓу лидерите на двете земји.


Лидерските разговори се очекува да се одржат во Гранада, Шпанија на 5 октомври, соопшти денеска прес-службата на Советот за безбедност на Ерменија.

Во соопштението за печатот се наведува дека Григоријан ќе биде во официјална посета на Брисел, каде треба да се сретне со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со помошникот на претседателот на Азербејџан за подготовка за лидерската средба Ерменија и Азербејџан закажана за 5 октомври во Гранада, пренесе ТАСС.

По 24-часовната воена операција на азербејџанската армија во Нагорно Карабах на 20 септември беше прогласен прекин на огнот.

Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, е надвор од контролата на Баку од раните 1990-ти, по војната меѓу Ерменија и Азербејџан.

Азербејџан повторно зазеде делови од територијата на Нагорно-Карабах во и околу неа во војната во 2020 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK