Претставничкиот дом го отповикува Трамп по вторпат, Вашингтон стравува за немири на денот на инаугурацијата на Бајден


Демократите во Конгресот на САД започнаа постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Гласањето е закажена за денеска доцна навечер, откако потпретседателот Мајк Пенс синоќа одби да го употреби 25. амандман со која на Трамп би му се одзеле од надлежностите.



Импичментот на Трамп, втор по ред во неговиот прв и најверојатно единствен мандат, е реакција на демократите во американскиот Конгрес на спонтаното обраќање на претседателот за време демоснтрациите минатата среда. Тогаш тој ги повика поддржувачита да се „борат посилно“ против „лошите луѓе“, повикувајќи ги да маршираат на Капитолот на САД, со цел да ја запрат постапката што тогаш се водеше во Конгресот за потврда на победата на Џо Бајден на претседателските избори во ноември.

Законодавците во моментов дебатираат по предметите за импичмент, кои се сумираат во квалификација „поттикнување на побуна“, со цел побеснета толпа поддржувачи да упадне во Конгресот.

Според очекувањата, Претставничкиот дом се очекува да изгласа, бидејќќи демократите се во мнозиство, иако мало, плус за импичментот може да гласаат и околу петмина републиканци. Според некои извештаи, најистакатиот од нив, сенаторот Мич Меконел, наводно ја прифатил идејата за импичемент на Трамп, со цел Републиканската партија да направи чистка на „трампизмот“ меѓу своите редови, и да се дистанцира од Трамп, републикански претседател кој падна во немилост меѓу големи делови од јавниот, културниот и деловниот живот на САД, по стравичните сцени минатата недела од упадот во Конгресот, кој многумина го оквалификуваа како неуспешен вооружен пуч.

Претставничкиот дом вчера го повика Пенс да го стави во сила 25. амандаман, кој налага лишување на надлежностите на претседаталот меѓу другото и поради ментални или физички пречки, но потпретседателот синоќа ја отфрли идејата.

-Не верувам дека овој чекор ќе биде во најдобар интерес за нашата нација, изјави Пенс.

Со ова, настаните во Вашингтон, навлезен во една од најпродлабочените политички кризи во поблиската историја, одат во непредвидлив правец.