Претставничка на СЗО: Најновата мутација на Ковид-19 е незначителна



ript>


 

Најновата мутација на коронавирусот во Англија е незначителна и не влијае на ефикасноста на вакцината, изјави денес Мелита Вујновиќ, претставничка на СЗО во Русија.

„До денес мутациите во Ковид-19 беа во голема мера незначителни и досегашните промени не влијаеја на дијагностичките алатки, медицинската подготовка и вакцините што се развиени“, рече таа за ТАСС.

Според нејзиното мислење, СЗО препорачува да се продолжи како порано, а тоа е со следење на контактите, одржување на социјална дистанца, миење раце и носење маски.

„СЗО им препорачува на сите земји да го следат Ковид-19 и да разменуваат информации, како што е откривање мутација што може да предизвика загриженост“, рече таа.

Министерот на Велика Британија Мет Хенкок на 14 декември изјави дека британските научници откриле нов, позаразен вид на Ковид-19, кој е позаразен во југоистокот на Англија, а пет дена подоцна, премиерот Борис Џонсон изјави дека новиот вид на ковид може да биде 70 проценти позаразен од претходните видови.