Претседателот Саркисјан со опозицијата бара излез од политичката криза во Ерменија


– Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан, денеска се состана со претставници на опозициското „Движење за спас на татковината“ и раководството на Републиканската партија, на кое се разговарало за можностите за надминување на политичката криза во која се најде земјата, соопшти прес-службата на шефот на државата.


 

Политичката криза во Ерменија почна веднаш по завршувањето на борбените дејствија во Нагорно-Карабах, а ескалираше на 25 февруари, кога началникот на Генераштабот на армијата, генерал Оник Гаспаријан, и 40 други високи воени претставници побараа од премиерот Никол Пашинијан да си поднесе оставка од функцијата.

Ова барање од премиерот Пашинијан беше протолкувано како обид за воен удар, па затоа тој веднаш на претседателот Саркисјан му понуди да го ослободи Гаспаријан од функцијата, но шефот на државата не го потпиша указот за смена на генералот. Тоа не го стори ни при воторот барање од премиерот, иако според уставот е должен на тоа, па за некаква разврска на оваа наметната уставна криза толкување побара од Уставниот суд нас Ерменија.

Во меѓувреме, приврзаниците и на владеачката партија и на опозицијата излегоа на улиците на Ереван, а опозициските партии поставија логор од шатори во центарот на градот, со барање за оставка на владата.