Претседателот на Намибија парично казнет поради роденденска забава за време на карантин


Претседателот на Намибија парично казнет поради роденденска забава за време на карантин - МИА

Виндхук, 29 мај 2020 () – Претседателот на Намибија, Хаге Гејнгоб  и неколку владини претставници се парично казнети бидејќи минатиот месец ги прекршиле здраствените прописи воведени поради епидемијата со Ковид-19, оганизирајќи прослава по повод 60-годишнината на неговата партија.

Роденденската забава на Народната организација на Југозападна Африка (СВАПО) се одржа на 19 април во Парламентот, кога Намибија беше затворена, а беа забранети групните собири со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

На забавата покрај Гејнгоб беа и заменик-претседателот на Намибија, Нанголо Мбумба, премиерката Сара Кунгогелва-Амадила и генералната секретарка на СвАПО, Софија Шанингва.

Сите треба да платат 2.000 намибиски долари (околу 100 евра).

Во Намибија 22 лица се инфицирани со новиот коронавирус, од кои 14 оздравеле. Во земјата не е регистриран ниту еден смртне случај. 


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]