Повеќето автомобили забранети на патиштата во кинеската провинција Хубеи


– Возилата кои не се за итни случаи не треба да се движат по патиштата во кинеската провинција Хубеи, жариштето на епидемијата на Ковид-19, стои во указот што денеска го објави Владата на Кина.

Единствени исклучоци ќе бидат амбулантните возила и возилата кои превезуваат неопходни работи.

Сите приватни патувања со автомобил ќе бидат забранети во провинцијата со околу 60 милиони луѓе, која веќе со недели е затворена во карантин во обид да се контролира ширењето на вирусот.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]