Повеќе жртви во судир меѓу авганистански мигранти и иранските власти


Повеќе жртви во судир меѓу авганистански мигранти и иранските власти - МИА

Кабул, 4 мај 2020 () – Најмалку седум лица се убиени, а неколкумина се водат како исчезнати кога авганистански мигранти се обиделе да ја преминат границата со Иран.

Во инцидентот, за кој Авганистан ги обвинува иранските граничари, повеќе десетици мигранти сепак успеале да ја преминат границата.

Авганистанските власти соопштија дека точниот број на мигранти вклучени во инцидентот сè уште не е познат.

Иранските граничари ги тепале мигрантите и ги принудиле да скокнат во реката Харируд, на иранско-авганистанската граница, јавуваат авганистанските медиуми.

Авганистанските власти ги испитуваат обвинувањата и испратиле група да ги извлече телата од реката, додека Иран ги отфрлува обвиненијата, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека мигрантите се обиделе илегално да влезат во Иран од западната провинција Херат.

Авганистанската комисија за човекови права (АХРЦ) соопшти дека локалните власти рекле оти „иранските безбедносни сили уапсиле одреден број мигранти во потрага по работа сакале да влезат во Иран“.

– Тие биле принудени да ја преминат реката Харируд кога голем број од нив се удавиле, а некои преживеале, соопшти АХРЦ.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]