Повеќе од илјада еврејски аџии заглавени на границата на Украина



Повеќе од илјада еврејски аџии заглавени на границата на Украина - МИА

Киев, 16 септември 2020 () – Повеќе од илјада еврејски аџии, меѓу кои и деца, останаа и денеска блокирани на границата меѓу Белорусија и Украина, откако Киев одби да им дозволи да го минат преминот поради мерките воведени поради коронавирусот.

Секоја година, десетици илјади хасидски Евреи патуваат во украинскиот град Уман до гробот на рабинот Наман, основачот на движењето Бреслов Хасидик, пренесува Франс 24.

Аџиите допатувале иако и украинската и израелската влада минатиот месец им порачаа да не го прават тоа.

Украина забрани влез на странци во земјата до крајот на септември поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

Пограничната служба на Украина наведува дека има околу 1.000 лица на границата, додека на белоруската граница велат дека бројот е 1.064 и дека меѓу нив има 242 деца. Белоруската гранична полиција, исто така, информира дека им дала храна и топли шатори на аџиите, иако тие се жалат дека им студи и се гладни.

– Во моментов, ситуацијата не дозволува да ги пуштиме хасидските Евреите во Украина, изјави за украинскиот канал 24 ТВ украинскиот заменик министер за надворешни работи, Јевгениј Јењин.

Украинската гранична полиција објави снимка на која се гледа како Евреите во традиционална носија се молат со книги во рацете на сред пат.

Аџиите се под надзор на украинската гранична полиција, која формираше и кордон.

Секоја година за време на еврејската Нова година, десетици илјади аџии одат во Уман на гробот на рабинот Нахман, а оваа година аџилакот е предвиден од 18 до 28 септември.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*