Повеќе од четири милијарди лица се во карантин во околу 100 земји во светот


Повеќе од четири милијарди лица се во карантин во околу 100 земји во светот - МИА

Њујорк, 7 април 2020 ( )-  Повеќе од четири милијарди лица во околу 100 земји и територии од светот се наоѓаат во принуден или предложен карантин во борбата против ширењето на коронавирусот.

Веста вечерва ја пренесе Франс прес, повикувајќи се на официјални податоци.

Бројката претставува повеќе од половината на светското население. Обединетите нации проценуваат дека во светот живеат 7,79 милијарди луѓе .

Кинеската провинција Хубеи и градот Вухан, од каде почна пандемијата, се првите подрачја во карантин воведен кон крајот на јануари. Овој регион почна постепено да ги олабавува мерките за забрана за движење, а за утре се најавува и укинувањето на карантинот во Вухан .

На 18 март во карантин беа повеќе од 500 милиони лица, на 23 март веќе имаше над милијарда, а следниот ден двојно повеќе, додека на 25 март бројката веќе изнесуваше три милијарди лица.

Денеска, на 7 април во карантин се наоѓаат 4,06 милијарди лица.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]

УЈП ќе ги презентира условите за ослободување од аконтации на данок на добивка и на личен доход - МИА
Вести

Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави

Скопје, 31 мај 2020 () – Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета […]