Повеќе од 10.000 нови случаи на коронавирус во Германија




Потврдени се 10.824 нови случаи на коронавирус во Германија, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Во истиот период, 24 лица починале како последица на вирусот, пренесува Ројтерс. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Германија, се заразиле 801.327 лица, а 12.547 починаа.