Потврдена кандидатурата на новиот шеф на американското разузнавање


Потврдена кандидатурата на новиот шеф на американското разузнавање - МИА

 

Вашингтон, 22 мај 2020 () Kонгресменот од Тексас, Џон Ратклиф, денеска беше потврден од Сенатот за прв човек на националното разузнавање на САД.

Но гласањето беше поделено по партиска линија, 49 сенатори гласаа „за“ а 44 „против“. Мнозинството во Сенатот го држат републиканците.

Ратклиф треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

За време на распитот за потврдување на функцијата во април, Ратклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креаторите на политика, „фактографската вистина“, независно што сакаат да слушнат.

Сенатските демократи го критикува Ратклиф и изразија резервираност дали конгресменот од Тексас ќе може да ја остави настрана својата партиска реторика. Една од главните грижи на демократите е како Ратклиф ќе се справи со заканите на ноемвриските претседателски избори.

Клучни официјални лица во сферата на разузнавањето, вклучувајќи го и поранешниот директор за Национално разузнавање Ден Коатс, предупредија неколкупати дека Русија планира да се меша во изборите, како што тоа го стори во 2016 година, јави Гласот на Америка.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]