Потврдена инфекција со вирусот МЕРС во ОАЕ

mers_23423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Едно лице во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е позитивно тестирано на МЕРС или Блискоисточен респираторен синдром, соопшти Светската здравствена организација.

Нов случај на МЕРС, познат и како МЕРС-КоВ, бидејќи е вирус од семејството на коронавирус, е регистриран во Ал Аин, дел од Абу Даби, но се уште не е познат изворот на заразата.


Пациентот (28) е примен во болница на 8 јуни, но дијагнозата му била одредена дури на 23 јули откако  тестот покажал дека е позитивен на МЕРС. ОАЕ за овој случај веднаш ја информирале Светската здравствена организација. Детали за здравствената состојба на мажот не се објавени, но се знае дека мажот не е здравствен работник или државјанин на ОАЕ.

Сите 108 лица кои биле во контакт со заразеното лице биле тестирани за вирусот и резултатите се негативни.

МЕРС е главно респираторно заболување кое предизвикува симптоми како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење. Во некои случаи, тоа може да доведе до пневмонија.

Инфекцијата МЕРС првпат е забележана во 2012 година на Блискиот Исток, каде имаше најголем број случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK