Потврдена 25-годишната затворска казна за Кара-Мурза

kara murza
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Московскиот суд ја потврди казната од 25 години затвор изречена за Владимир Кара-Мурза, еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин.

Московскиот суд ја отфрли жалбата што вчера ја поднесоа адвокатите на 41-годишниот Кара-Мурза.


Казната за британско-рускиот дисидент беше изречена во април, а осуден, покрај другото, е и за велепредавство. Тоа е најголема затворска казна за критичар на власта во новата руска историја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK