Потврден е третиот случај на коронавирус во Франција


Во Франција е потврден трет случај на коронавирус што се појави во Кина, соопшти Министерството за здравство, јавува дописникот на МИА.

Овој случај, „близок роднина на еден од случаите, кој беше под истрага, штотуку е потврден“, се вели во соопштението за печатот на министерството за здравство. Тројцата престојувале во Кина и се хоспитализирани во Бордо и Париз, со мерки на „изолација“.

Коронавирусот 2019-нКов се претставува како акутна респираторна инфекција. Француските власти ги повикуваат луѓето со ризик да се следат и да не одат во случај на симптоми во болниците за итни случаи.

Според Министерството за здравство, опишаните симптоми главно предизвикуваат акутна респираторна инфекција: треска, кашлица, температура, болки во телото, замор и главоболки.

Исто така, пријавени се тешкотии во дишењето и белодробни абнормалности, како и потешки форми на патологии. Овие симптоми се вообичаени за другите патологии и го отежнуваат дијагностицирањето на овој вирус кој продолжува да мутира, според кинеските власти. Сепак, постои тест за откривање. Развиен во Германија, тој е веќе достапен во Париз и Лион, а ќе биде достапен низ цела Франција од следната недела.

Се верува дека пренесувањето од човек на човек се случува преку респираторниот тракт, преку контакт со рака и преку размена на плунка. Според првите набљудувања на одредени експерти, овој нов бирус е веројатно помалку  вирулентен од САРС (тежок акутен респираторен синдром), коронавирус со потекло од претходна епидемија, се појавил и во Кина, кој предизивикал скоро 800 смртни случаи во 2002-2003. Според Жан-Клод Мангуера, истражувач од Институтот Пастер интервјуиран од Ле Паризиен, овој коронавирус е помалку заразен од грипот, затоа што почесто го има во „длабоките респираторни делови“.

Се препорачуваат конвенционални мерки на претпазливост за да се избегне контаминација: редовно да се мија рацете, да се користат марамчиња за еднократна употреба, кашлање во лактот, избегнување на лица изложени на ризик или дури и носење хируршка маска. Луѓето со симптоми слични на грип се охрабруваат да ја следат нивната температура.

Патниците што се враќаат од Кина се најмногу погодени од мерките на претпазливост. Ова е случај на двајца од трите француски пациенти заразени до денес.

– При најмал знак на проблеми со дишењето или ако имате треска, не треба да одите во болницата за итни случаи, мора да се јавите во центарот 15, кој доаѓа да го земе пациентот, рече Агнес Бузан, министерката за здравство.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]

Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]