Потпретседателот на Зимбабве поднесе оставка поради секс скандал


Потпретседателот на Зимбабве Кембо Мохади денеска поднесе оставка поради секс скандал, за кој пишувале локалните медиуми.



Мохади изјави дека поднесува оставка со цел „да не го наруши имиџот на Владата“.

Тој се наоѓа на позицијата потпретседател на државата во кабинетот на претседателот Емерсон Мнангагве од 2018 година без своја политичка база и никогаш не се сметал за можен кандидат за шеф на државата.

Мохади направи нешто што ретко го прават официјални лица во Зимбабве, кога изјави дека одлучил да се повлече, но „не како кукавица, туку како некој што изразува голема почит кон претседателот“.

Локалните медиуми изминатите две недели пишуваа дека Мохади одржувал непристојни сексуални односи со жени во брак, меѓу кои била и една од неговите соработнички, но тој ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека тие се дел од политичкиот заговор против него и најавува правна постапка.