Поранешeн регионален функционер на АфД обвинет за вмешаност во шверц на 36 килограми кокаи


Поранешниот регионален функционер на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, Маркус Хофман е обвинет за вмешаност во шверц на 36 килограми кокаин, соопштија денеска властите.



Хофман (46) се соочува со обвиненија за трговија со дрога и обид за трговија со дрога и може да се соочи со 15 години затвор доколку биде осуден, изјави портпаролот на обвинителството во Бремен, Франк Пасаде.

Хофман, пристанишен работник во Бремерхавен и уште четворица, наводно, го извлекле кокаинот во бродски контејнер во август 2019 година. Тој беше уапсен откако се обиде да извлече друга сомнителна пратка три месеци подоцна, рече Пасаде.

Хофман поднесе оставка на функцијата претседател на регионалниот огранок АфД од „лични причини“ околу времето кога започна истрагата, објави „Билд“, додека тој не сакаше да ги коментира обвинувањата.