Поранешен агент на ЦИА осуден на 20 години поради оддавање тајни на кинески разузнавачи


Поранешниот агент на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Кевин Малури е осуден на 20 години затвор поради оддавање воени тајни на Кина, јави агенцијата Анадолија.

Американското Министерство за правосудство потврди дека 62-годишниот поранешен агент на ЦИА, кој беше прогласев за виновен во јуни минатата година, е обвинет за шпионирање во корист на Кина.

Во времето кога работел во ЦИА, Малури, кој имал пристап до доверливи информации и тајни податоци, откри дека продавал воени тајни на кинески разузнавач.

Обвинителите на Министерството за правосудство навеле дека надзорните камери снимале како Малури скенира доверливи документи на дигитална мемориска картичка и оти во март и април во 2017 година во Шангај се состанал со кинески агент.

– Овој случај покажува загрижувачка тенденција меѓу поранешните агенти на ЦИА кои Кина ги таргетирала да ги шпионираат своите земји и колеги, изјави заменикот на американскиот државен обвинител Џон Демерс.

Претходно овој месец и поранешен вработен во ЦИА ги прифати обвиненијата со кои се обвинува дека имал договор со кинеските разузнавачки служби за продавање информации за американската национална одбрана.

Џери Чун Шинг Ли, кој во 2007 година ја напуштил ЦИА, а минатата година беше уапсен на територија на САД, пред американскиот суд призна дека имал договор со кинеските разузнавачи за продажба на информации за американската национална одбрана кои биле под категоријата „тајна“, потсетува Анадолија.

Ли е обвинет дека во име на Кина вршел шпионирање, а пред Регионалниот суд во градот Александрија, во сојузната држава Вирџинија, ја призна вината и рече дека имал таен договор со Кина за собирање и испорака на информации.

Ли (54), за ЦИА работел во периодот од 1994 до 2017 година, а се претпоставува дека контактот со кинеската разузнавачка служба го остварил во текот на 2010 година.

Вести

Македонските и бугарските експерти со разлики за средновековната историја, за Делчев ќе се разговара утре

Во конструктивна и коректна дискусија и дебата помина првиот ден од седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија којшто се одржува во Софија. Членовите на Комисијата работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување […]

Вести

Гугл ќе и плати на Франција една милијарда евра за да го реши даночниот спор

Француската подружница на пребарувачот Гугл потпиша договор за трансакција од 500 милиони евра со француското национално финансиско обвинителство, на што треба да се додаде уште еден договор со даночната управа во иснос од 465 милиони, […]

Балкан

Стерјовски преку собраниската говорница ја запозна албанската јавност за Конгрсот на МАЕИ, зашто албанските медиуми воопшто не информирале

Пратеникот од редовите на македонската партија, Македонска алијанса за европска интегрција (МАЕИ), Васил Стерјовски на денешната пленарна седница, упати забелешка за тоа дека, со исклучок на неколу портали, „за жал ни еден друг медиум во […]