Поради протести воведен полициски час во нигериската сојузна држава Сокото


– Нигериската сојузна држава Сокото прогласи 24-часовен полициски час за да ги задуши протестите со кои се бара ослободување на осомничените за минатонеделното убиство на студентката Дебора Семјуел.


 

Таа беше убиена о колеги студенти бидејќи наводно објавила богохулни изјави за пророкот Мухамед.

Семјуел беше каменувана, претепана и запалена. Студентите ја извлекле од безбедносната соба, каде таа била скриена од професорите, ја убија и ја запалија зградата.