Поради коронавирусот, животниот век во Белгија намален за пет месеци


Поради коронавирусот, животниот век во Белгија намален за пет месеци - МИА

Брисел, 2 јуни 2020 () – Демографскиот институт на Белгија ги објави последните податоци за последиците од епидемијата на Ковид19 врз популацијата, од кои произлегува дека животниот век се намалува, а населението значително побавно ќе расте, јавува дописничката на од Брисел.

Зголемената смртност и намалените миграциски текови, што се должат на пандемијата, ќе тежат врз демографскиот биланс на Белгија оваа година, соопшти утрово Федералното биро за планирање.

Наместо планираното зголемување на населението од 50 илјади, тоа ќе порасне само за 17 илјади во 2020. Анализите покажуваат зголемување на смртноста за девет илјади лица, додека пак 87 илјади помалку мигранти ќе влезат во Белгија поради рестрикциите поврзани за пандемијата.

Ова исто така значи дека во просек животниот век во Белгија оваа година ќе се намали за пет месеци во споредба со ланската година, додека обично тој секоја година се зголемува за два и пол месеци.

Доколку епидемијата биде контрола, од другата година се очекува кривата на животниот век да се врати на предпандемскиот просек.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]