Поради Хонг Конг, Кина воведе санкции за 11 Американци, меѓу кои шест сенатори


Кина со остра реакција до САД по најавите за санкции - МИА

Пекинг, 10 август 2020 () – Кина денеска соопшти дека воведува санкции за 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори, поради тоа што лошо се однесувале во однос на прашањето за Хонг Конг.

Тоа е најновиот потег во ескалацијата на односите меѓу Кина и САД, откако во петокот Вашингтон воведе санкции проти Кери Лам која управува со Хонг Конг, како и против 10 други кинески и хонгкошки функционери поради нивната улога во кршењето на политичките слободи во регионот.

– Постапките на САД во петокот се флагрантно мешање во работите на Хонг Конг и во кинеските внатрешни работи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лијан.

– Станува збор за сериозно кршење на меѓународното право и основните норми на управување со меѓународните односи, додаде тој.

Меѓу санкционираните Американци се сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Џош Хали, Пет Туми и Крис Смит.

Рубио веднаш регираше со објава на Твитер, каде напиша дека не сака да биде параноичен, но дека му изгледа дека Кинезите не го сакаат.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*