Попова тврди дека Русија развила „имунитет на стадо“


Русија разви „имунитет на стадо“ против Ковид-19 и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето Ана Попова.



– Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадо и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите, рече Попова за време на сесијата со водечките епидемиолози и вирусолози, пренесува ТАСС.

Таа рече дека Русија во моментов е на 60. место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители.