Помпео е подготвен да биде дел и од втората администрација на Трамп


Помпео е подготвен да биде дел и од втората администрација на Трамп - МИА

Вашингтон, 15 септември 2020 () – Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ја потврди својата подготвеност да биде дел и од втората администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, доколку тој биде реизбран за претседател на САД на изборите на 3 ноември.


 

Помпео не прецизираше за која позиција е заинтересиран.

-Има уште многу работа да се заврши и би сакал да најдам начин да бидам дел од тоа, рече Помпео во Вашингтон, на виртуелниот настан организиран од Атлантскиот совет.