Помпео: Авторитаризмот се уште живее во Русија, Кина и Иран



Помпео: Авторитаризмот се уште живее во Русија, Кина и Иран - МИА

Плзењ, 11 август 2020 () – Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди денеска дека подемот на авторитаризмот во Русија, Кина и Иран ги загрозува слободите ширум светот.

На првата станица на турнејата во четири држави од Источна и Централна Европа, во Чешката Република, Помпео им оддаде почит на американските војници кои го ослободија западот на Чехословачка во 1945 година.

– Важно е да се има предвид дека, дури и кога славиме, останува уште многу работа, затоа што авторитаризмот е се уште жив во Пекинг, Москва и Техеран, рече Помпео во краткото обраќање пред споменикот „Благодарам, Америко“ во Плзењ.

Помпео утре во Прага ќе се сретне  со чешкиот претседател и премиер Милош Земан и Андреј Бабиш, со кого, како што претходно беше објавено од Стејт департментот, ќе разговара за соработката во нуклеарната енергија и „напорите за сузбивање на малигните активности на Русија и комунистичка Кина“.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*