Помилуван белорускиот опозиционер Протасевич

protasevic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозицискиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој на почетокот од месецот беше осуден на осум години затвор, денеска е помилуван, јави белоруската новинска агенција БелТА.

Протасевич беше осуден на осум години затвор за злосторства како поттикнување тероризам, организирање масовни немири и клеветење на белорускиот претседател Александар Лукашенко.


Заедно со уште двајца осомничени, на кои им се судеше во отсуство, Протасевич беше обвинет дека извршил најмалку 1.586 кривични дела. Обвиненијата во тоа време вклучуваа организирање масовни немири, подготвување дела кои грубо го нарушуваат јавниот ред, повикување на санкции против Белорусија, создавање или водење на екстремистичка група и заговор за преземање на власта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK