Полскиот Управен суд оцени дека премиерот Моравјецки „очигледно“ го прекрши законот со гласањето по пошта


Полскиот Управен суд оцени дека премиерот Моравјецки „очигледно“ го прекрши законот со гласањето по пошта - МИА

Варшава, 15 септември 2020 () – Полскиот премиер Матеуш Моравјецки „очигледно“ го прекрши законот кога му нареди на поштенскиот оператор во земјата да подготви гласање по пошта на претседателските избори во земјата, што првично беа закажани за 10 мај, а се оддржаа на 28 јуни, пресуди денеска Управниот суд во Варшава, јави ДПА.


 

Одлуката на судот се однесува на првиот обид за одржување на претседателските избори, на 10 мај, што  се одложија поради пандемијата на коронавирус и загриженоста за здравјето на гласачите.

Пред гласањето, владеачкото мнозинство сакаше да ги пренасочи изборите кон гласање по пошта, но неопходната процедура го доби одобрението од парламентот само неколку дена пред денот на гласањето.

Германската агенција пренесува дека Моравјецки, и покрај тоа, и наредил на поштата да се подготви за гласање по пошта дури и пред да се донесе потребната изборна процедура, што, заедно со финансиските трошоци за таа одлука, предизвика контроверзии во земјата. Полскиот премиер тогаш како правен опснов ги наведе анти-Ковид-19 протоколите.

-Меѓутоа, ниту „Уставот, ниту законите за Советот на министри не му даваат никакви надлежности на премиерот во врска со организирање или подготвување избори, изјави судијата Гжегорц Руднички, цитиран од полската агенција ПАП.

Денешната одлука на Управниот суд може да се обжали пред највисокиот Административен суд во земјата, пренесе ДПА.