Полска планира да купи од САД 32 воени авиони Ф-35



– Полските власти планираат да потпишат договор за купување на 32 воени авиони Ф-35 од САД до крајот на јануари, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Мариуш Блаштак.

– Во суштина преговорите се затворени. Остануваат само некои незначителни процедурални прашања. Убеден сум дека до крајот на овој месец ќе склучиме договор со САД за купвање 32 борбени авиони Ф-35, најмодерни авиони во светот, изјави Блаштак.

Во септември, Американскиот Конгрес се согласи да и продаде на Полска 32 воени авиони Ф-35 за 6,5 милијарди долари.

Полските воздухопловни сили во моментов се вооружени со 27 авиони МиГ-29, како и со 48 авиони Ф-16 и 18 Су-22.


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]