Полска го раскина договорот за гас со Русија


Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.


 

– Полска го раскина меѓудржавниот договор од 1993 година поврзан со Јамал. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската Влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер, објави министерката Москва на Твитер.

Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.