Полска ги укинува патарините на националните автопати

poland-a1-motorway
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полската влада усвои нацрт-закон со кој се предвидува укинување на патарините за патнички возила на автопатиштата од јули.

„Ние изградивме автопати првенствено за да им служиме на луѓето, а не да бидеме машина за правење пари. Отворените порти (патарините) најдобро ќе ја симболизираат нашата политика“, рече премиерот Матеуш Моравјецки, пренесува Јуроњуз.


Новата мерка, подготвена од министерствата за инфраструктура и финансии, ќе овозможи да се прекине наплатата на патарините на државните автопати.

Министерот за инфраструктура Анджеј Адамчик рече дека мерката се однесува на автопатиштата кои се веќе во употреба и каде има наплата.

„Целта на законот е да се укинат автопатските патарини за возила до 3,5 тони на делниците со кои управува Генералниот директорат за внатрешни патишта и автопатишта“, рече Адамчик.

Тој додаде дека Владата ќе започне преговори за укинување на патарините на приватните делници од автопатиштата, додавајќи дека се надева дека тоа ќе се постигне во рок од една година, пренесува полскиот портал Фрст њуз (The First News).

Министерот за агенцијата ПАП изјави дека со укинувањето на патарините дел од сообраќајот ќе се пренасочи од алтернативните рути кои возачите ги избираат поради патарините на автопатите и со тоа ќе придонесе за безбедноста на патиштата.

„Нивото на безбедност на националните и локалните државни патишта во близина на автопатите ќе се зголеми и ќе заштедиме на одржување“, рече Адамчик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK