Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома


Фејсбук ги зголеми приходите и бројот на корисници за време на пандемија - МИА

Лондон, 22 мај 2020 () – Генералниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг најави дека очекува дека во следните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да  работат од дома.



Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на Соединетите Американски Држави каде трошоците за живот се пониски отколку во Силиконската долина.

– Ние плаќаме многу добро, всушност најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај, рече Закерберг.

Во „Фејсбук“ се вработени околу 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални централи во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработените кои живеат во близина на тие градови.

Според Скај њуз, сè уште не е познато каков финансиски ефект врз компанијата ќе има трансферот на голем број вработени на работа од дома, но додава дека покрај одредени заштеди кога станува збор за имот, храна и, потенцијално, заработка, предвид треба да се земе и обезбедувањето опрема за таква работа, што би можело да излезе скапо.

 


Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Вести

Средновековниот и раноосманлискиот период во македонските учебници тема на 11. средба на македонско-бугарската Комисија

– Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи утре и задутре. […]