Политико: Помпео се подготвува за американско – кинески самит


Политико: Помпео се подготвува за американско – кинески самит - МИА

Вашингтон, 13 јуни 2020 () – Американскиот државен секретар Мајк Помпео се подготвува за самит со кинеска државна делегација на Хаваи, во момент кога се влошени американско-кинеските односи, објави порталот Политико, повикувајќи се на неименувани извори.

Помпео е еден од најгласните критичари на политиката на Пекинг. Тој често ја критикува кинеската политика кон малцинствата, потоа за Хонг Конг, а минатиот месец го обвини Пекинг дека пропуштил „да ја спречи смртта на стотина илјади луѓе, бидејќи не бил доволно транспарентен за новиот коронавирус и одбиваше да ги подели инфорациите со светот“.

Информацијата за претстојниот самит на Хаваи не е потврден ниту од официјален Вашингтон, ниту од Амбасадата на Кина во САД. 


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]