Полицијата во Техеран приведе пет лица поради продажба на лажна вакцина за Ковид-19


Полицијата во Техеран приведе пет лица поради продажба на лажна вакцина за Ковид-19 - МИА

Техеран, 12 септември 2020 () – Полицијата во Техеран, главниот град на Иран, уапси пет лица обвинети за продажба на лажна вакцина против новиот вид на коронавирус, за која се претпоставува дека предизвикала смрт на шест лица.

Според иранските медиуми, началникот на полицијата на западен Техеран, Мухсин Ханџерли, потврдил дека е разбиена криминална група што продавала лажна вакцина против Ковид-19. Тој посочи дека во полициската акција се уапсени пет лица.

Тој изјави дека криминалната група ја продала вакцината под името „Ремдесивир“, и наплаќала приближно 450 милиони риали (околу 2.000 долари) за секоја од нив.

Ханџерли додаде дека оваа криминална група во Техеран продала 52 лажни вакцини, со што се здобила со материјална корист од околу 100.000 американски долари.

Предупредувајќи ги граѓаните за можни измамници, Ханџерли рече дека шест лица кои ја купиле лажната вакцина починале, а лекарите треба официјално да ја утврдат конечната причина за нивната смрт.

Претходно, во Техеран беше уапсено и лице кое продавало лажна вакцина против Ковид-19 на социјалните мрежи.


Вести

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

– Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат […]

Вести

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците […]

Бизнис и економија

Со фокус на здравјето предлог – буџетот влезе во Собранието, за власта реален, за опозицијата огромен и неразвоен

– Здравјето, здравата економија и здрави финансии и општество воопшто се во фокусот на буџетот за 2021 година, кој од вчера е пред собраниската Комисијата за финансирање и буџет, а може да трае најмногу десет […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*