Полицијата во Флорида останала во неверување кога возачот што го сопрела на автопатот се покажало дека е 10-годишно момче.
Детето и неговата 11-годишна сестра биле најдени во Алачуа – стотици километри од местото каде што нивната мајка ги пријавила за исчезнати претходно оваа недела.
Полицијата соопшти дека братот и сестрата отишле во бегство откако мајката им ги одзела електронските уреди.
„На големо изненадување полицајците забележале 10-годишен возач кој управувал со автомобилот на нивната мајка, а неговата сестра била на предното седиште“, соопшти полицијата.
Нивната мајка го пријавила белиот седан со кој патувале за исчезнат во Норт Порт, Флорида, град на повеќе од 200 километри од Алачуа.
Од полицијата додаваат дека немаат причина да веруваат дека децата биле малтретирани дома.
„Нашите детективи разговараа со нивната мајка, која очигледно со сите сили се трудела да одгледа две мали деца и беше многу отворена за соработка во однос на препораките што и ги даваа како совет за да побара помош за справување со децата“ соопштија од полицијата.