Подобрувањето на изборниот систем на Хонг Конг е императив за Пекинг


– Кинескиот вицепремиер Хан Џенг повика на подобрување на изборниот систем во Хонг Конг, во кој, како што рече, има дупки и потребно е да се унапреди.


 

Хан, кој исто така е шефот на централното тело за Хонг Конг и Макао, присуствуваше на состаноци со членови на Секинескиот народен конгрес од тие автономни кинески територии, јавија локалните медиуми.

– Патриотите кои управуваат со Хонг Конг се клучни за принципот „една земја, два система“ и ставот на централната Влада е конзистентен и никогаш не се сменил, им рече Хан на пратениците, додавајќи дека се потребни мерки за подобрување на изборниот систем и да „се обезбеди дека патриоти владеат со Хонг Конг“.

Хан ја истакна важноста на владеењето на правото, како и целосната примена на принципот „една држава, два система“.

Тој ги повика пратениците целосно да ја поддржат одлуката на Постојаниот комитет на Конгресот и намерата да се подобри изборниот систем на Хонг Конг.