Почнуваат клиничките испитувања на руската вакцина врз 180 волонтери




Првиот контингент на руската вакцина „Спутник V“ пристигна на индискиот медицински факултет во Канпур, каде утре започнуваат тестовите од втората и третата фаза на клинички испитувања врз луѓе.

Деканот на Факултетот објави дека 180 волонтери ќе учествуваат во испитувањата, а научниот тим ќе следи како вакцината влијае врз нив и потоа ќе ги анализира податоците за да процени дали вакцината е успешна или не, објави ТАСС.

На почетокот на оваа недела, руските вакцини пристигнаа во лабораторијата на „Д-р Реди ДОО“ во индискиот град Хајдербад.