Почина актерката Силвија Мајлс

Глумицата Силвија Мајлс, номинирана за Оскар за филмовите „Полноќен каубоец“ и „Збогум, драга моја“, почина на 94-годишна возраст.

Веста за смртта на Мајлс, која починала во нејзиниот дом во Њујорк, ја соопштија нејзините блиски пријатели, актеката Џералдин Смит и новинарот Мајкл Мусто.

– Интервјуата со Мајлс (во 70-те години на минатиот век) беа моите први позначајни написи. Таа беше амбициозна и харизматична… И беше многу горда на своите две номинации за Оскар, изјави Мусто, кој пред неколку децении требало да добие и епизодна улога покрај неа и Смит во нискобуџетен филм.

Силвија Мајлс е сепак најпозната по филмот „Полноќен каубоец“ во кој настапи со Џон Војт и Дастин Хофман.

Вести

Различни ставовите на Мицкоски и Заев за законот за ЈО

Премиерот Зоран Заев смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство, потребно е да се вложат повеќе напори и како што рече „да се надминеме себеси“, додека за […]

Вести

Јанева останува во притвор, продолжуваат сослушувањата за „Рекет“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева осомничена за случајот „Рекет“ останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење, а во меѓувреме продолжуваат […]

Вести

Катица Јанева останува во притвор, одбиена понудената гаранција во имот

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење. -Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста […]