Плажите на Флорида ќе се затворат поради непочитување на мерките


По полноќна забава на Флорида заразени 16 пријатели со Ковид-19 - МИА

Талахаси, 29 јуни 2020 () – Повеќе плажи во американската држава Флорида ќе бидат повторно затворени за да не се собираат голем број луѓе во обид да се спречи натамошно ширење на коронавирусот.

Гувернерот на таа американска држава Рон Де Сантис рече дека собирите на млади доведуваат до зголемување на бројот на пациенти.

Властите во таа земја најавија забрана за консумирање алкохол во баровите, а причината, како што појасни Де Сантис, е „широко распространето непочитување на мерките“.

Во округот Броуард неколку ресторани беа затворени затоа што не го почитувале ограничувањето за бројот на гости и обврската да носат маски.

Властите во Броуард и Мајами-Дејд најавија дека ќе ги затворат плажите за време на одбележувањето на американскиот национален празник – Денот на независноста, на 4 јули.

Во Флорида во последните 24 часа се регистрирани 8.300 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 29 лица.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*