Пјонгјанг: Не ни требаат преговори со Вашингтон


Северна Кореја: САД не се во позиција да ја критикуваат Кина - МИА

Пјонгјанг, 4 јули 2020 () – Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хи, во врска со информациите за евентуална средба на врвот во САД, изјави дека на Пјонгјанг не му требаат разговори со американската страна, се наведува во денешното соопштение објавено од агенцијата КЦТА.

Севернокорејскиот висок претставник нагласи дека Вашингтон размислува за дијалог со Пјонгјанг само со цел решавање на внатрешните проблеми во САД.

– Нема потреба да седнеме на иста маса со САД, кои го сметаат корејско-американскиот дијалог единствено како инструмент за решавање на нивната политичка криза, истакна Чои Сон Хи.

Тој додаде дека Северна Кореја подготвила детален „стратешки пакет од мерки како одговор на долгорочните закани од страна на САД“, но не прецизирал за какви одлуки станува збор.

На 30 јуни јужнокорејската телевизиска станица КБС објави дека американскиот заменик државен секретар и специјален пратеник на САД за Северна Кореја, Стивен Биган изјавил на видео конференција во Вашингтон дека средба меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-ун веројатно нема да се одржи пред претседателските избори закажани во ноември во САД. Подоцна, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави дека очекува нова средба меѓу Трамп и Ким пред изборите во САД. Корејскиот министер за надворешни работи Канг Гјон Хва потврди дека Сеул и Вашингтон имаат контакти на различни нивоа околу тоа прашање.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*