Штетата нанесена врз системот за противракетна одбрана Патриот по рускиот ракетен напад во близина на Киев во вторникот е минимална и Министерство за одбрана на САД испратило специјалисти кои по увидот оцениле дека системот може и понатаму да се употребува.
Ова денеска го јави телевизијаа Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани службеници од Пентагон.
САД испратиле инспектори во вторникот веднаш откако украинските сили ги известија дека системот изгледа е оштетен, изјавил службеникот.
-Системот е сеуште во работна кондиција и радарот на Патриотот, еден од најважните елементи на системот, не е оштетен.
Службениците додале и дека не веруваат дека Патриотот ќе треба да биде изнесен од военото поле за вршење поправка.
Во рамките на воената помош за Украина, Вашингтон му доделаи на Киев вкупно 20 вакви Патриоти, системи за противвоздушна одбрана кои Украина ги користи ефективно во одбивање на повеќе налети руски ракетни напади минатата есен и оваа пролет.