Партијата на Матео Ренци излегува од Владата на Италија


Поранешниот италијански премиер Матео Ренци вечерва соопшти дека ги повлекува министрите од неговата партија „Италија Вива“ од Владата, која ја остава владејачката коалиција без мнозинство во Парламентот.



Неговата одлука, објавена на прес-конференција, ја втурнува Италија во политички хаос, додека земјата се обидува да ја сузбие пандемијата на коронавирусот.

Ренци претходно се закани дека неговата партија ќе излезе од Владата, незадоволен од плановите на премиерот Џузепе Конте за тоа како се трошат милијарди евра од Европската унија за помош на економијата.