Партијата на јапонскиот премиер води на изборите за Горниот дом на Парламентот


Либералната демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе освои најголема поддршка од неопределените гласачи на вчерашните избори за Горниот дом на јапонскиот Парламент, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу гласачите кои не се поврзани со ниту една партија, 23,5 отсто гласале за Либерално-демократската партија на Абе, а 20,6 проценти за најголемата опозициска демократска партија на Јапонија.

Јапонците вчера гласаа за 124 места во Горниот дом на Парламентот, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.

Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.

Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.


Вести

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

– Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат години стаж што им фалат за да може да […]

Вести

Опозицијата бара во дебатата за законот за ЈО да се вклучат експерти и меѓународната едница

– ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на пладневниот состанок во Собранието за законот за јавно обвинителство. Од партијата велат дека ќе инсистираат на јавна расправа во која ќе биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница. […]

Вести

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донела голем број одлуки, меѓутоа истовремено и очекувано голем дел од нив се запрени односно не се најдени елементи на корупција, е заклучокот во првиот извештај за наодите […]