Париз смета дека е „незамисливо“ Лондон да го прекрши договорот за Брегзит



ript>

Париз смета дека е „незамисливо“ Лондон да го прекрши договорот за Брегзит - МИА

Париз, 13 септември 2020 () – Ако Британците ги зголемуваат ударите врз договорот, со идеја да ја поделат Европа, тоа нема да успее, предупредува Клемант Бон, францускиот државен секретар за европски прашања, јави дописникот на .


 

Би било „незамисливо“ Лондон да усвои предлог-закон делумно во спротивност со договорот со кој се потврдува разводот со Европската унија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања, Клемант Бон.

-Велика Британија е голема демократија. Не може да се замисли владата и Парламентот да не го почитуваат текстот за кој тие самите преговараа и гласаа, одрекувајќи се од дадениот збор, подвлекува тој во весникот „Ле Паризиен “.

-Од европска страна, ние секогаш сме биле мирни, одлучни и пред се многу цврсти и многу обединети. Ако Британците ги зголемуваат ударите врз договорот, со идеја за поделба на Европа, тоа нема да успее , инсистира тој. „Немањето договор“ со Обединетото Кралство би било „лоша вест“, „но ние се подготвуваме“, продолжува тој, посочувајќи дека „Премиерот (францускиот) наскоро ќе се состане со Владата за да ги забрза и интензивира подготовките, со сите сценарија. Вклучувајќи го и немањето договор“.

Британската влада во средата го претстави предлог-законот пред парламентот кој делумно се коси со веќе потпишаниот договор за нејзино излегување од ЕУ – маневар што го крши меѓународното право, според признанието на самиот премиер Борис Џонсон, кој сепак сака да започне со неговото усвојување што е можно побрзо, од овој понеделникот во Долниот дом, каде има мнозинство од 80 пратеници.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан веќе му порача на својот британски колега Доминик Рааб во четвртокот, на маргините на состанокот за Иран во Лондон, „за неприфатливиот карактер на повредата од Велика Британија на одредби од Договорот за повлекување од ЕУ “, според неговиот портпарол.