Париз, Лондон и Берлин активираат механизам за спорот поради Иран


– Франција, Велика Британија и Германија планираат да активираат механизам за решавање на споровите во рамки на иранскиот нуклеарен договор, откако Техеран повторно го прекрши, соопштија неименувани европски дипломати.

Тие истакнаа дека целта на одлуката е да се зачува договорот и со Иран да се разговара што треба да направи земјата за да ги измени своите одлуки.

Како што нагласија, целта не е повторно воведување санкции од ЕУ.

Трите земји денеска ќе ја информираат ЕУ дека планираат да го активираат механизмот. Се очекува шефот на европската дипломатија Жозеп Борел попладнево да се обрати во Европскиот парламент во Стразбур.


Вести

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на […]

Вести

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

– Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во […]

Вести

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

–  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот […]