Папата Франциско денеска ќе тргне на патување во Југоисточна Азија и Океанија, што ќе биде негово најдолго меѓународно патување досега, кое ќе трае 12 дена.
За време на патувањето, кое ќе помине речиси 33.000 километри, авионот на папата ќе слета во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, пренесува италијанската агенција АНСА.
Ројтерс претходно објави дека папата Франциско ќе посети четири островски земји од Југоисточна Азија со цел да поттикне глобална акција за климатските промени.