Папата Франциско во минатонеделниот говор немаше намера да го велича рускиот империјализам кога се осврна на императорите кои ја проширија Руската империја, соопшти денеска Ватикан откако Украина ги критикуваше неговите изјави, а Кремљ изрази задоволство од зборовите на Папата.
Францискo им рекол на руската младина, откако го прочитал говорот во петокот, да имаат на ум дека се наследници на царевите како Петар I и Катерина II. Двајцата монарси ја проширија Руската империја во 17 и 18 век, вклучително и со освојување делови од Украина, а претседателот Владимир Путин се повика на нивното наследство во оправдувањето на неговата инвазија и анексија на украинска територија минатата година.
„Папата имаше намера да ги охрабри младите да го зачуваат и промовираат сето она што е позитивно во големото руско културно и духовно наследство и во никој случај да не ги велича империјалистичката логика и владејачките личности, (кои тој) ги спомна за да укаже на некоја историска референца“, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни во изјавата.
Киев рече дека зборовите на папата во видео обраќањето во живо до католичката младина собрана во Санкт Петербург се за „длабоко жалење“. Кремљ денеска ги пофали зборовите на папата Франциско, велејќи дека руската држава има богато наследство и дека е добро што папата ја знае руската историја.
„Она што (руската) држава, активистичките групи, училишните и универзитетските професори го прават сега е да го пренесат тоа наследство на нашата младина потсетувајќи ги на тоа. Фактот што Папата звучи во склад со овие напори е многу, многу задоволувачки“, рече Песков.